Последно ажурирана: 21.06.2025
Почитувани купувачи,
Ви благодариме за довербата и вашата нарачка. Се стремиме секогаш да ви испорачаме производи со највисок квалитет. Доколку сепак не сте целосно задоволни од вашата нарачка, имате право на замена или враќање на производот согласно условите наведени подолу.
Рок за замена или враќање:
Купувачот има право да изврши замена или враќање на производот во рок од 15 дена од денот на доставата или подигањето на производот.
Услови за замена/враќање:
За да може да се прифати барањето за замена или враќање, мора да бидат исполнети следниве услови:
-
Производот не смее да биде отворен, отпакуван или употребуван.
-
Производот и пакувањето треба да бидат во оригинална состојба, без оштетувања, со зачувани фабрички пломби и етикети.
-
Заедно со производот, мора да се приложи фактура, фискална сметка или сметкопотврда, како и целокупната документација што била доставена со производот.
Доколку не постои можност за замена, а клиентот бара поврат на средства, истиот ќе се изврши на ист начин како при плаќањето.
Исклучоци:
Следниве производи не подлежат на замена или враќање:
-
Производи без оригинално пакување или фабричка пломба.
-
Производи за кои се доставени барања по истекот на 15 дена од денот на приемот.
Сите барања поднесени по 16-тиот ден од денот на приемот ќе бидат одбиени.
Повредени производи или погрешна испорака:
По приемот на пратката, проверете го производот. Доколку забележите оштетувања или неусогласеност со нарачката, веднаш контактирајте нè во рок од 24 часа на:
-
Телефон: + 389 (0)78 343 195
-
Е-пошта: info@antolini.mk
Наведете го вашето име, презиме, телефонски број и причината за барањето. Нашиот тим ќе ве извести за понатамошната постапка.
Пратка за замена:
Производот што се враќа/менува се испраќа преку брза пошта, со предходна најава, и на трошок на купувачот. По приемот, производот се проверува и доколку ги исполнува условите, ќе ви биде испратен заменски производ.
Поврат на средства:
Во случај на поврат на средства (делумно или целосно), истите се вршат исклучиво преку ХАЛК БАНКА АД Скопје, на истата сметка од која е извршено плаќањето.
Сите трошоци поврзани со враќањето (поштарина за првото и повторното враќање, како и банкарски трошоци) се на товар на купувачот. Доколку вредноста на производот е повисока од трошоците, разликата се враќа на купувачот.
Рекламации:
Ако се појават недостатоци кај производот според Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме постапете според правилникот за рекламации. Пополнетиот рекламационен лист испратете го на:
info@antolini.mk